Вести Ковид19 Македонија Најважни Топ вести

164 нови случаи на коронавирус и тројца починати, Тетово влегува во четвртиот бран

По два месеци Македонија повторно брои троцифрена бројка на новозабоелни  со коронавирус. Само во изминативе 24 часа резгистрирани се 164 ново заболени 5.276 тестирања.

На врвот на листата е Тетово, со 60 нови случи, со што градот е на прагот на четвртиот бран на ковид пандемијата. Неофицијално најголемо жариште за ширење на коронавирусот во градот се свадбите и неносењето на маски во затвоени простории, како молови и трговски објекти.

Инаку од вкупната бројка новозаболени Скопје брои речиси двојно помалку од Тетово односно 34, додека во Гостивар се 21, Куманово и Битола осум, Струмица, Кичево и Дебар бројат по 5 нови случи.

Освен троцифрената бројка новозаболени, изминатово деноноќие по подолг период е регистирана и бројка од тројца починати како последица од корона вирусот и тоа две лица од Гостивар и едно од Скопје.

Тетово освен што има најмногу новозаболени го надмина и Скопје по бројот активни случи кое има трипати повеќе жители од него.

Па така во Тетово има 229 активни случи,а  во скопје 221. Куманово и Гостивар се трети и четври по број на активни случи, но засега со двоцифрени бројки 72 и 68. Вкупниот број на активни случаи во земјава е 770.

Потврда дека состојбата во Тетово со пандемијата е алармантна стигна и од Клиничката болница во Тетово каде само вчера се извршени 64 амбулантски прегледи на ковид позитивни. Таму освен инфективното оддление повторно во ковид центар се пренаменети и двата спрата од интерното одделение, а во функција е ставена и модуларната болница.

„Ние не знаеме дали е четвртиот бран или не, но како и да е се оди во тој правец. Заклучно со вчерапниот ден имаме 64 амбулантски прегледи, тоа не сме го имале и во есенскиот период кога беше тој бран. Така што имаме зголемен број на амбулантски прегледи. И од тие прегледи да речам, денес или утре да ни бидат тие пациенти. Навистина е така поалармантна состојбата во споредба со лани“, изјави Гзим Нуредини, раководител на ковид-центарот во Клиничка болница Тетово.

Во модуларната болница која деновиве е пуштена во употреба веќе се хоспитализирани четири пациенти со коронавирус, додека на другите оделенија има уште 20.

„Имаме 24 хоспитализирани пациенти од кои само еден не е на кислородна поддршка, останатите сите се на кислородна поддршка. Што се однесува до вакциналниот статус, четворица од нив се вакцинрани само со една доза, додека еден пациент, е комплетно вакцинран со една доза на вакцината на Џонсон. Значи тој е вакциниран“, информира д-р Нуредини.

Повеќето од хоспитализираните се на возраст од над 65 години, но има пациенти и на 31 и 37 години, но сите како што вели Нуредини се со поголема телесна тежина, а некои од нив имаат и други хронични болести како срцева слабост, респираторни и бубрежни проблеми. Шестмина од хоспитализираните се од Германија и од Италија.

За Нуредини клучно за зголемување на случаите со ковид е непочитувањето на мерките и преголемото опуштање на луѓето со групирање.

Според него единствен излез од целата ситуација е вакцинацијата. И покрај тоа што има случаи на заболени вакцинирани, тој вели дека, без вакцините бројките би биле повисоки.

Во Тетово процентот на вакцинирани е едно од најниските во земјава – 19 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Kristina Kuzmanovski

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе