Македонија Најважни

Голем пожар во Пехчево

Голем пожар се шири денеска во Пехчево, каде што гори борова шума . Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, за вестите на Телма , потврди дека  месното наеление се собира, на терен се противпожарните единици и дирекцијата за заштита и спасување .

“Ветрот не е на наша страна, не знаеме веќе ни во кој правец се шири пожарот, зафатен е и делот кон Света Петка, но и делот на кај селото Умлена. Распрснати сме на сите страни. Очекуваме, имаме најава дека за нецел саат време, ќе пристигне и помош од воздух, 2 хеликоптери, бидејќи мислам дека само на тој начин ќе успееме некако да се справиме со огнената стихија. Се наоѓаме во многу лоша ситуација” – изјави за Телма Тренчовски.

Тој вели дека во моментот не се загрозени некои куќи, но огнот се шири многу бргу. Гори голема површина вели градоначалникот, бор и нискостеблеста шума.

Тренчовски се надева дека во помош за справување со пожарот ќе пристигнат и пожарникари од Бугарија.

“Многу тежок е пристапот до таму и потребна е помош од воздух. Побаравме помош и од други соседни општини, Делчево,  но знаете дека и во таа општина има пожари. Побарав помош и од општина Штип.Побарав помош и од бугарска страна. Се надевам дека со екипа од 2 противпожарни возила и 25-30 пожарникари  ќе добиеме помош од Бугарика. Се координираме и се надевам дека ќе успееме да го запреме пожарот” -изјави градоначалникот на Пехчево, Тренчовски за вестите на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе