Македонија Најважни

Зелен хуман град“ бара десеткратно намалување на бројот на потписи

Откако премиерот Зоран Заев вчера не ја исклучи можноста да се намали или укине прагот за поднесување на советничи листи, денеска со реакција од иницијативата  „Зелен хуман град“ која најавува своја листа на локалните избори во Скопје.

Оттаму сметаат дека премиерот свесно калкулира и купува време, бараат законот да се отвори за јавна дебата, десеткратно да се намали на бројот на потписи како и да се ослободат механизмите за собирање.

Оттаму потсетуваат на препораките на Венецијанската комисија дека законите не треба да се менуваат шест месеци пред изборите.

За ВМРО – ДПМНЕ, прифатлива е секоја опција, и да биде укинат и да биде зголемен прагот, а претседателот на партијата соопшти дека зголемувањето на 2 отсто било на барање на владеачката коалиција,

Од СДСМ пак без прецизен став дали се за зголемување, намалување или укинување на изборниот праг а тајмингот на предлагањето на измените го образложуваат со фактот што во државата секоја година се одржуваат избори.

Од министeртвото за правда не добивме одговор кој ќе биде следниот чекор односно дали парагот од 2 отсто останува или пак ќе претрпи нови измени.

Она што е јасно е дека и доколку се одблокира процесот кој во моментов е закочен со над 700 амандмани и постигне политички консензус за да се донесат измените тоа ќе биде во втората половина на август бидејќи Собранието нема да работи во наредните петанесет дена.

Спикерот Џафери соопшти дека на 6 август ќе ги распише локалните избори а првиот круг ќе се одржи на 17 октомври.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе