Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ нема да оди во Крушево за прославата на Илинден без политички говори

Централната прослава за Илинден во Крушево, која започнува во 18 часот, на која претседателот Стево Пендаровски нема да одржи политички говор, туку ќе има, како што најави, обединувачка културно – уметничка програма со настапи на Танец, Албанскиот ансамбл, Влатко Стефановски и  Никола Ристановски, кој ќе интерпретира пораки од Крушевскиот манифест, не е прифатлива за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

“Наместо говор кој ќе биде составен од минатото, сегашноста и иднината, ќе имаме молк. Ќе се читаат пораки и нема да се слушне визија за Република Македонија, со достоинствено прославување на двата Илиндена” – вели Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Партијата нема да присуствуваат во Крушево, а Мицкоски, кој го нарече новиот концепт циркуски церемонијал, ќе оди во Ташмаруништа.

Од кабинетот на Пендаровски изразија жалење што обидот за надминување на длабоките политички разлики не е разбран.

“Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“” –соопшти кабинетот на Пендаровски.

Прославата на Денот на Републиката  ќе започне во центарот на Скопје, со положување цвеќе од собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и револуционерот Никола Карев. Џафери ќе одржи говор, а ќе следи културно уметничка програма. Владината делегација  во Скопје ќе ја преводи министерот за здравство Филипче.

Премиерот Зораз Заев, придружуван од првиот заминик- претседател на Владата , Артан Груби ќе ја предводи делегацијата на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде ќе одржи говор.

Таму ќе бидат и министерката за одбрана, Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Спасовски и заменик –претседателот за борба против корупција, Николовски. Тие ќе положат цвеќе пред меморијалниот центар, а ќе има и пригодна програма.

Програма за Илинден ќе има и во Смилево, а на неа ќе присуствуваат заманикот министер за земјоделство и заменик – министерката за животна средина.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе