Македонија

Со национална стратегија против ракот на црниот дроб

Ракот на црниот дроб е новата светска пандемија и се искачи на  трето место по  причините  за смртност кај пациентите со малигни заболувања.

Околу 900 илјади луѓе во светот  лани починале  од овој канцер, а бројките и кај нас загрижувачки растат.

-Во изминатиот перид направивме анализа и видовме дека трендот на пораст  на хепатоцелуларен карцином го следи трендот во Европските земји, што значи дека е во пораст. Причинителите се хепатит Б и Ц, неалкохолен масен црн дроб и алкохолизам, што за жал е со висок процент кај нас, вели проф. др Калина Старделова Гривчева од клиниката за гастроентеро-хепатологија.

Невладината Хепар центар  од Битола е активно вклучена во битката против вирусните хепатити како најголеми причинител за рак на црниот дроб, а во тек е едномесечна кампања за подигање на јавната свест.

-Мислиме дека треба да се работи на превентива и раната детекција. Пред се, со тоа да се даде можност на целата популација, најмалку еднаш годишно да прават контроли на ова заболување, а веќе се преговара со Министерството за здравство и фондот за здравствено осигурување да се формира Центар кој ќе биде наменета за црнодробни активности, вели Милан Мишковиќ, од НВО Хепар центар-Битола

Нема официјални статистики колкав е бројот на заболени од вирусни хепатити кај нас, но се претпоставува дека има 20 илјади пациенти или 1 процент од населението. Не се знае точно ниту колку пацинети заболеле од рак на црниот дроб, што  ја наметна потребата од изработка на национална  стратегија во која се вклучен тим лекари од повеќе специјалности. Целта е рано откривање на болеста.

-Она што нас сериозно не мотивира е можноста да превенираме. Инфектолозите имаaт добро искуство со граѓанскиот сектор, а тоа е токму скринингот и превенцијата на вирусните хепатити, рече др.  Милена Стевановиќ, Инфективна Клиника-Скопје.

Веќе две години  на Инфективна клиника во Скопје дел од пациентите заболени од вирусен хепатит се лекуваат со  иновативна терапија. Сега се најавува ваква терапија и на Клиниката за гастроенетеро-хепатологија која ќе биде набавена следниот месец.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе