Македонија

Портокаловата фаза и продолжениот викенд го испразнија Скопје

Високите температура над 40 степени, но и продолжениот викенд во пресрет на празникот Илинден, го испразнија Скопје.

Ретки се граѓаните кои се движат пеш низ градот, а оние кои не го напуштија, разладување побараа на традиционалните излетнички места.

Едно од нив е Матка.

“30  години сме во Скопје, за прв пат ја видовме пештерата . Фантастично , убаво беше. И овдека е топло, меѓутоа за разлика од градот тука сме во природа” –вели една граѓанка.

Турист од Турција (со титлуван превод)

“Многу убаво место, ми се допаѓа” – додава турист од Турција.

Но упатените велат нема многу гости, а причина е лошата патна инфраструктура и недоволната промоција на самиот кањон.

Марјан Минов кој повеќе од 5 години тука продава накит и сувенири, посочува и други причини за намалената посетеност.

“Треба да се поработи повеќе на екологијата, на чистотата, паркинзите, на јавните тоалети. Има многу работа” – вели Марјан Минов, продавач на рачно изработен накит.

Спрегата политичари- инвеститори предизвика бетонизација на Скопје, во кое зеленилото е жртвувано.Малкуте граѓани што ги сретнавме во испразнетиот Градски парк, освежување од високите температури наоѓаат во сенките на дрвјата и фонтаните.

Опасната портокалова фаза продолжува и следниве денови, а надлежните препорачуваат да не се излегува од дома, особено меѓу 11 и 17 часот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе