Ковид19 Македонија

Расте бројот на новозаразени во Скопје и Тетово – само вакцинацијата ќе спречи нови рестрикции велат епидемиолозите

456 активни случаи во моментов и 74 новозаразени денес што е за 20 повеќе од вчера – според епидемиолозите е сигнал дека расте бројот дури и во најтоплите летни месеци.

Места кои до пред неколку дена бележеа нула случаи на зараза, сега повторно се на мапата на градови каде што е регистриран барем еден случај – како што е на пример Берово.

Летниот пораст на бројките најмногу загрижува во Тетово – градот во кој има 116 активни случаи и кој според процентот на заразено население е лоциран како ново жариште. Во Скопје има најмногу активни случаи – 146.

Четиринаесет града останаа со по нула активни случаи во моментов, во извештајот на Институтот за јавно здравје. Според дел од епидемиолозите, ваквата состојба е очекувана поради активноста на младите сред лето.

„Сега е време на одмори, на летувања, тие патуваат надвор од државата и таму не ги почитуваат превентивните мерки, одат по ноќни забави, не држат ниту дистанца, ниту пак носат маска. Потоа на враќање не само инфицираните туку цел автобус како што се враќаат, се враќаат позитивни. Но, не само тоа – и тука, со оглед на тоа што е време на свадби и од свадбите имаме нови кластери“ изјави д-р. Љуљзиме Бајрами, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Скопје.

Доктор Бајрами смета дека ситуацијата може да се развива така што наесен ќе имаме нов бран на зараза, но ланското црно сценарио сепак може да се избегне. Не се исклучува и потребата од повторни рестрикции.

„Да не се опуштиме толку брзо, сето тоа е за да не дојде до рестрикции и да имаме пак полициски час, но изгледа не се почитува доволно тоа што треба. Се очекува исто како лани, можеби ќе имаме рестрикции, но можеби ќе биде подобро затоа што вакцинирањето ни оди многу добро“ изјави доктор Љуљзиме Бајрами.

Информациите од здравствените власти се дека во моментов, на територија на цела држава хоспитализирани се 23 пациенти – на скопската Инфективна клиника четиринаесет пациенти, во Велес четири, во Куманово тројца се во болнички кревет, а во Струга и Битола по еден пациент.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

Kristina Kuzmanovski

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе