Свет Топ вести

Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожар во Анталија

Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во Анталија, Турција, соопштија властите. Според Си -Ен -Ен, 62 лица побарале лекарска помош.

Десет лица се заробени во шумскиот пожар што втор ден беснее во јужна Турција, соопшти денеска турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли, додека продолжуваат напорите за спасување и гаснење.
Пожарот, кој изби поради големата горештина во регионот, се случи вчера околу пладне во најблиската шума до Манавгат. Брзо се рашири поради силниот ветер и се уште не е целосно ставен под контрола. Администрацијата на Анталија истакна дека ова е најсилниот пожар со кој се соочиле.


Пакдемирли рече дека 82-годишен маж е пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри северо-источно од Манавгат, а 10 лица се заглавени во близина на браната Ојмапинар, рече тој. Единици се обидуваат да ги спасат луѓето, рече Пакдермирли.

Властите евакуираа 18 села и области во Анталија додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде турскиот министер.

Сите туристички екскурзии во овој регион се суспендирани се додека не се нормализира состојбата. Пожарот не претставува опасност за туристичките места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две третини од парите за самовработување во само пет града

Дејан Дејан

Психолог и социјален работник предложени за членови на Советот за граѓански надзор врз прислушувањето – кандидатка е сопруга на директор на театар

Дејан Дејан

Осум земји од ЕУ го блокираат отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив и Бугарија Хрватска?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе