Македонија Најважни

Отворен Балкан – без чекање на границите и без царини меѓу Македонија, Србија и Албанија

Рампите на границите меѓу Македонија, Србија и Албанија од 2023-та година да бидат отворени за граѓаните на трите земји.

Да нема царини и да се обезбеди слободен проток на стоки, услуги и капитал. Ова е проекцијата за иднината на премиерите на Македонија и Албанија Заев и Рама и на претседателот на Србија Вучиќ кои ветија дека за наскоро ќе стане реалност.

Иницијативата за регионална соработака „Мини Шенген“,  доби ново име „Отворен Балкан“. Наместо ѕидови, изградивме мостови.

Наместо политиката и минатото, се вртиме кон развојот и иднината, рекоа лидерите на трите земјии  и порачаа на другите земји од регионот- кој сака може да ни се придружи.

Заев, Вучиќ и Рама потпишаа три меморандуми за соработка – за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, за слободен пристап до пазарот на труд и за помош и заштита од катастрофи.

На Форумот учествуваа над 350 компании од трите земји. Стопанството побара од лидерите да реализиаат тоа што ветиле.

И тие како и Заев, Рама и Вучич стравуваа во капацитетот на администрацијата на трите земји да ги спроведе овие големи реформи. Лидерите пак договорија нови средби и нови проекти на есен во Белград и Тирана.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе