Македонија Најважни

Наместо бараното поскапување, компаниите за парно греење добија пониски цени од регулаторната комисија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои наспроти барања на компаниите за парно греење да поскапе цената на парното , одлучи да ја намали цената во просек од 4 % кај трите компании.

Речиси 56 000 потрошувачи приклучени на Балкан Енерџи Груп или повеќе од 90 проценти од потрошувачите во Скопје ќе добиваат сметки пониски за 4,35%, иако БЕГ бараше поскапување од 1,82%.

Околу 3 800-тини домаќинства приклучени на ЕСМ Енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57% иако државната компанија бараше поскапување од цели 67%. , додека 501 потрошувач на Скипје Север од 1-ви август ќе добиваат сметки пониски за 1,25%. “”

” Граѓаните приклучени на парно ќе добиваат пониски сметки. Денешните одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штити потрошувачите. Со одлуките праќаме пораки дека повеќе граѓани треба да се приклучат на мрежата за парно греење, што е најекономично и еколошко решение ” – изјав Марко Бислимоски, претседател на РЕК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДСМ, Левица и ДУИ

Дејан Дејан

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

Дејан Дејан

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе