Ковид19 Македонија Најважни

Следниот месец ќе се одредат мерките за невакцинираните доколку се намали динамиката на имунизација

Следниот месец здравствените власти ќе ги димензионираат мерките за невакцинираните доколку се намали динамиката на вакцинација на населението против КОВИД-19.

Засега само се разговара за рестрикциите и се следат примерите од другите држави, каде повторно се зголемува бројот на заразени.

Во моментот  имаме висока стапка на вакцинација,  но ќе нема  друго решение освен рестрикции само за оние кои не се вакцинирани, вели министерот Венко Филипче.

-Гледаме и следиме примери другите земји, гледаме дека има примери на приватни компании кои што едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани, за да  може нормално да функционира работниот процес. А ние ќе  го штитиме  јавното здравје и евентуално би вовеле такви мерки таму каде што има можност за јавни собири, јасни настани, влез на некои јавни места. За конкретните мерки подетално во август, но доколку стагнира процесот на вакцинација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Се е подготвено за почетокот на учебната година, разработени се сите сценарија во зависност од епидемиолошката сосотојба, посочи Филипче.

Не се планира задолжителна вакцинација ниту кај возрасните, ниту кај  учениците и студентите, но рестриктивните мерки ќе важат за сите оние кои не се вакцинирани.

-Во  однос на вакцинација на децата немаме во план како за нив така и за возрасните, да наметнеме правило и тоа да биде задолжително, ниту за ученици во  основни и срдни училишта, ниту за факултети. Но, таму каде што има ризик за големи собири, размислуваме, без разлика дали станува збор за адолесценти или постари луѓе, изјави министерот.

Инаку заклучно со денес вакцинирани се 500 илјади и 995 граѓани, а ревакцинирани се 360 илјади лица.

Продолжува слободната вакцинација низ пунктовите во државата, во тек e  и теренската вакцинација во руралните средини, како и вакцинацијата на децата која се спроведува со закажување термин преку vakcinacija.mk

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе