Вести Македонија Топ вести

На тротинет низ зелен свет

Првиот човек на Министерството за надворешни работи прв ги проба новите велосипеди и тротинети. По Бујар Османи,  „по едно кругче“ пред МНР свртеа и Мирослав и Агнеса, а промоцијата ја искористија и други вработени во МНР. „Пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето – Зелената дипломатија е новото нормално“, соопшти Министерството. Анализата покажала дека 90 одсто од државните институции кои секојдневно соработуваат се наоѓаат во дијаметар од 1 до 2 километри.

За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку што можеме повеќе и колку што ни дозволуваат околностите, да користиме велосипед и електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе и помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Пиар со тротинети од 200 евра. Барем да беа купени по пазарна цена, со оглед на коруптивните сомневања во минатото на Османи, реагираше Алијанса-Алтернатива.

Набавката на неколку тротинети е обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на Локалните избори, Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалници и директори, како и во самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.

Додека ДУИ го промовираше зеленото како ново нормално, во целата држава и посебно во Тетово,  продолжија проблемите со собирањето и претоварањето ѓубре. Тоа е само капка во морето загадена животна средина и загрозени подрачја. Затоа и секое јавно возење велосипед и тротинет на државните и локалните функционери, делува осамено.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе