Вести Свет Топ вести

Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени

Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседател Румен Радев.

Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани.

Во меѓувреме, победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија „Има таков народ“ денеска ќе одржи консултации и со Движењето за права и слободи (ДПС).

Ова е последна од планираните средби на највисоко ниво меѓу партијата на ТВ-водителот Слави Трифонов и пратеничките групи, без ГЕРБ-СДС, во рамките на 46-то Национално собрание на Бугарија.

„Има таков народ“ побара разговори со Движењето за права и слободи во обид да се обезбеди најшироко можно парламентарно мнозинство за нивните идни политики. Денешната средба е оптоварена со најмногу очекувања и предизвикува најголем интерес кај медиумите и политичките набудувачи.

„Има таков народ“, го покани на разговори ДПС, и покрај категоричните позиции на другите партии, дека тие нема да ја поддржат нивната влада ако во неа учестгвуваат ГЕРБ и ДПС.

Претседателот на парламентарната група на „Има таков народ“, Тошко Јорданов истакна дека целта на консултациите е да се видат приоритетите и политиките, а не се за поединци и теснопартиски интереси. Тој, за време на консултациите со други партии, рече дека никој не сака ниту ГЕРБ, ,ниту ДПС, да учествуваат на кој било начин во новата бугарска Влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе