Македонија Топ вести

Два пати се прегласуваше за законот за државјанство

Министрите си ја заменија улогата за потребата од носење на законот за државјанство. Министерот за правда Бојан Маричиќ ја презеде улогата на министерот за внатрешни Оливер Спасовски кој е  предлагач на законот. Не се спротистави на прозивката од страна на собранисикиот спикер Талат Џафери и го образложи законот кој е подготвен од друго министерство.

По реакцијата на опозицијата дека процедурата е прекршена, Џафери ја призна грешката,  Спасовски дојде во парламентот а гласањето беше повторено. 66 пратеници дадоа зелено светло на законот, 38 беа против а 2 воздржани.

Комисијата за европски прашања и законодавно правната комисија имаат три дена за дебата по што законот ќе се стави на гласање. Според предложениот текст државјанство може да се стекне со приложување на лични документи, извод на родени, работничка книшка, имотен лист, комунални сметки, здравствена книшка, даноци.Здружението на млади правници  смета дека измените нема да го решат проблемот на лицата без државјанство и бараат да се органзира јавна расправа.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе