За Антикорупциска нема ништо спорно и во предметот „Шпанско Село“ каде плацеви на Водно купиле мајката на сопругата на министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за здравство Илир Хасани и бизнисмен кој со години соработува со министерството и е добитник на голем број на тендери.
Антикорупционерите заклучија дека во овој случај ги исцрпиле сите мерки и средства кои им се на располагање, доколку и понатму постои сомнеж предметот да го работат други институции и побараа носење на закон за потекло на имот.
Финансиите на ИВЗ остануваат тајна за Антикорупциската комисија.
5 години не е поднесена завршна сметка и никој не одговара за тоа. По закон Централен регистер треба да ја избрише ИВЗ од евиденцијата но тоа не е сторено.
