Македонија Најважни

Антикорупциска бара градоначалникот Мерко да одговара кривично

Антикорупционерите бараат струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да одговара кривично поради финансиски малверзации потврдени во нивната истрага но и од државните ревизори. Кривична одговорност се бара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга кој лично дозволил буџетот на Општината да изнесува 50 милиони денари иако таа беше една од најзадолжените.

Сомнителни јавни набавки, нерационални трошење и секако набавката на луксузното „ауди А6“ од 70 илјади евра за службено возило.

Антикорупциска поднесе иницијатива која од скопското преку струшкото обвинителство заврши во Обвинителството за организиран криминал каде се води уште една предистрага за нелегална продажба на објекти.

„Од 2018 година во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се оформени три предмети од кои за еден е предизвикан судир на надлежност и истиот е препратен на надлежно постапување во ОЈО Струга. Во предметот за јавната набавка на Општина Струга на 3 автомобили и еден луксузен автомобил марка Ауди А6, што беше отворен по иницијативата поднесена од Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси во 2019 година е во предистражна постапка и се чекаат наодите од вештачењето, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката. Што се однесува до другиот предмет истиот е за бесправна продажба на објект и исто така е  во предистражна постапка. Со оглед на тоа дека предистражната постапка согласно закон е тајна во моментов за жал не може да се споделат детали во врска со предметот“, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал

На денешната седница Антикорупционери ја запреа постапката против Нефи Усеини кој извесно време беше советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, но и сопственик на фирми кои добиваа општински тендери, дивоградби и плацеви во заштитената зона. Антикорупционерите отворија постапка за акумулација на функции но во меѓувреме Усеини се повлече од советничкото место.

За Антикорупциска нема ништо спорно и во предметот „Шпанско Село“ каде плацеви на Водно купиле мајката на сопругата на министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за здравство Илир Хасани и бизнисмен кој со години соработува со министерството и е добитник на голем број на тендери.

Оттаму соопштија дека плацевите се купени во време кога не биле функционери, пријавени се како имот а бизнисменот десетина години назад ги добивал тендерите во здравствео бидејќи имал најквалитетни понуди.

Антикорупционерите заклучија дека во овој случај ги исцрпиле сите мерки и средства кои им се на располагање, доколку и понатму постои сомнеж предметот да го работат други институции и побараа носење на закон за потекло на имот.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе