Свет Топ вести

Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција

Верификацијата на сертификатот за вакцинација или потврдата за прележан Ковид-19, што се неопходни за влез во т.н. „Covid free“ простори во Грција, за државјаните на трети земји нема да се врши преку специјалната апликација на грчката Влада, туку едноставно ќе се проверува на влезот на затворените простори, како што се кината, театрите, кафулињата, рестораните, но и сите ноќни клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за туризам на Грција, преку соопштение појаснуваат дека апликацијата „Covid Free GR“ за скенирање на сертификатите и потврдите се однесува само на грчки граѓани и на државјани на земјите членки на ЕУ, односно на оние кои имаат европски сертификат.

За останатите, за државјаните на трети земји доволно ќе биде само при влезот да се покаже сертификатот за вакцинација во печатена или електронска верзија, заедно со документ за лична идентификација.

Инаку, Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Трифун Костовски го чека обвинението за „Еуростандард“ за да го проучи – нема одговор за фирмите кои не ги враќале кредитите

Sasko Dimovski

(видео)Кривична за полицецот кој на прослава пукаше со службениот пиштол, ќе се бара и негова суспензија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе