Вести Македонија

Најавите за блокада во Собранието не ја предомислија Владата – законот за опојни дроги оди со европско знаменце

Заканите на опозицијата за целосно блокирање на сите закони во Собранието не ја предомисли Владата која стави европско знаменце на законот за опојни дроги со кој и официјално се овозможува извоз на цвет од канабис, се формира Агенција за контрола на одгледување екстракција и производство на канабис и се креира фонд кој ќе се полни од профитот на лиценцираните одгледувачници.

Усогласувањето со регулативи, директиви и конвенции на ЕУ и ОН  е причината поради која се става европското знаменце на овој закон.

Кога точно ќе биде поставен на ЕНЕР за да може да го види и јавноста и кога ќе биде испратен во Собранието нема најава од Владата.

Она што беше едно од клучните барања на невладините организации кои учествуваат во дебатата декриминализацијата на личната употреба на канабис не е прецизирана во овој закон како евентуалната можност за запирање на кривичните и прекршочни постапки.

Личната употреба на канабис не е депенализирана, а според информациите на Телма постои еден вид на интерен правилник во Обвинителството според кој се одлучува дали лицедто ќе се годи прекршочно или кривично.  За депенализација потребни се измени во членот 215 од кривичниот законик кои ги прави работна група во министерството за правда а ќе треба да се изготви и закон за одгледување на канабис со кој би се заокружила законската рамка околу употребата и одгледување за лична употреба.

Новина во Законот е и формирање на фонд каде лиценцираните компании за одгледување на канабис ќе уплаѓаат 10 отсто од добивката.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе