Нема договор за избор на тројца уставни судии. Иако точката за избор е ставена на дневен ред на Комисијата за избори и именувања, Телма дознава дека партиите се уште немаат компромис за кандидатите.
Еден од кандидатите е актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески кој неодамна ни изјави дека е подготвен да ја прифати функцијата судија на Уставен суд доколку пратениците така одлучат.
Претфѓходната седница на Комисијата помина во тензична атмосфера ,процедурални забелешки и паузи а опозициската ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека власта се обидува да протне некои решенија .
Според нивните информации за уставни судии ќе бидат предложени Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова и Васко Талевски, адвокат од Битола.
