Фалсификуваните пасоши не е случај на финансиската полиција, и нема стигнато пријава до неа за да се истражи имотот на виновниците. За дивоградбата кај Мавровка пак финансиската полиција работела, но фокусот бил ставен кон градежната регулатива. Овие два слуачи кои предизвикаа големо внимание во јавноста се во корсокак кога се работи за истражување на потеклото на имотот или пак конфискација. Но, денеска преставници на неколку институции во земјава ја промовираа националната стратегија со која убедуваат дека сличните случаи на овие ќе имаат поинаква разрешница. Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми вели дека и до сега се работело на 500 случаи но отежителна околност е што власта не донела закон за потекло на имот. Со ова управата нема големи овласувања.
500- те случаи за физички или правни лица сепак не се и исто толку кривични пријави и обвиненија, вели државниот обвинител Љубомир Јовески. Таквите истраги се сложени и во криминалот најчесто учествуваат и повеќемина.
Она што не се реализирало во изминативе години, сега со националната стратегија законфискација ќе се реализира, оптимист е министерот за борба со корупција Николовски. Ќе формира нациопнална комисија составена од повеќе институции која следи дели се спроведува. Но до сега колку имот е вратен и впишан во бројчаникот со кој се фалеше оваа власт не знае.
Првите резултати од стратегијата власта ги очекува за две години. Очекува дека ќе убеди дека криминалот и корупцијата не се исплатливи, оти се ќе се конфискува и врати на државата. Решение гледа и во дигитализацијата на судството, но за тоа што старите предмети на СЈО почнуваат од почеток има само надежи дека нема да се случи.
Билјана Николовска
