Македонија Најважни

Радев со поддршка за забрзување евроинтеграцијата на Западен Балкан со почитување на Копенхашките критериуми

За време на приемот во резиденцијата во Бојана, по повод 142-годишнината од формирањето на дипломатската служба, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека живееме во време на динамични промени во политичкиот, социјалниот и културниот живот во нашите општества.

Радев кажа дека тоа ги менува и предизвиците со кои се соочува бугарската дипломатија, која е повикана да го брани националниот интерес и да ги реализира главните цели на надворешната политика. Претседателот Радев ја истакна одбраната на интересите на бугарските заедници во странство како примарна задача на бугарските дипломати. Тој, исто така, повика на континуирана поддршка за забрзана европска интеграција на соседните земји во Западен Балкан, но со строго почитување на критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ.

Како достигнувања на бугарската дипломатска служба Радев го истакна развојот на голем број европски политики, напорите за спроведување на приоритетите на Европската унија за дигитална и зелена трансформација на општествата.

Домаќин на приемот беше привремениот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, а гости беа потпретседателката Илијана Јотова, привремениот премиер Стефан Јанев, министри од владата, бугарски амбасадори во странство, поранешни министри за надворешни работи и премиери на Бугарија, како и амбасадори акредитирани во Софија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Бојковски не призна вина – Обвинителството најави докази со кои ќе докаже дека тој е сторителот и за мотивите за убиствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе