Свет

Почина Курт Вестергаард, автор на карикатурите на пророкот Мухамед

Курт Вестергаард, данскиот карикатурист, кој ја нацрта карикатурата на пророкот Мухамед, која предизвика бесни реакции меѓу муслиманите во целиот свет, починал вчера во 86-тата година од животот.

Неговото семејство соопшти дека тој починал по долго боледување.

Вестергард беше карикатурист во конзервативниот весник Јуландс-Постер уште од почетокот на 80-тите години од минатиот век.

Светска слава стекна со контроверзниот приказ на пророкот Мухамед.

Неговиот цртеж од 2005-тата година, на кој во турбанот од пророкот беше нацртана бомба, беше еден од 12-те објавени во весникот, со фокус на само-цензурата и критика на исламот.

Карикатурите предизвикаа протести во Данска, чија влада прими демарши од голем број амбасадори од земјите со муслиманско мнозинство.

Бесот кулминираше со масовни протести во февруари 2006-тата година низ муслиманскиот свет, при што беа нападнати амбасадите на Данска а повеќе десетици луѓе беа и убиени.

Карикатурите беа и повод за крвавиот напад во 2015-тата година во канцелариите на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, каде беа убиени 12 луѓе. Шарли Ебдо беше таргетиран, затоа што ги објави карикатурите.

 

 

ѝ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов бран на екстремна топлина во Европа, ќе го зафати и Балканот

Kristina Kuzmanovski

И покрај примирјето, продолжуваат нападите во Газа: Четири жртви во нов израелски воздушен удар

Tea Dimkovska

Путин: Состојбата со горивото е привремен предизвик

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе