Најважни Свет

Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот

– Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица.

Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти – пабовите.

Носењето маска веќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците. Работата од дома веќе не е задолжителна.

Во другите делови на Велика Британија – Шкотска, Велс и Северна Ирска – укинати се само некои од мерките против коронавирусот.

Меѓутоа, во последните неколку недели во Велика британија се бележи раст на бројот на заразени, а два дена по ред во земјата има над 50.000 новозаразени.

Меѓу заразените е и министерот за здравство, Саџид Џавид, кој е во самоизолација.

Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, повика на внимателност и самиот влезе во изолација, како мерка на претпазливост, откако бил во контакт со заразено лице.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран продолжуваат со нападите – се засилуваат и вербалните закани за целосно обновување на конфликтот

Дејан Дејан

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе