Македонија Топ вести

Кружен тек кој не е во центарот на раскрсницата- надлежните велат во тек е изградба

Изградбата на нов кружен тек во централниот дел на Струмица стана главна тема меѓу струмичани. Видеото што го снимиле со дрон на оваа локација покажува изместување од централниот дел на раскрсницата, што разбуди сомнеж дека станува збор за грешка на изведувачите.

Овој кружен тек е барање на жителите на градот, бидејќи двете улици се фреквентни и често се создава гужва.

Од секторот за урбанизам велат дека кружниот тек е во изградба и треба да се почека да се види неговата функционалност. Објаснуваат дека станува збор за асиметрично поставен кружен тек поради воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24. Октомври“, и од „24. Октомври“ кон излезот на градот.

Потребата за такво лоцирање го утврдиле стручни лица по извршено софтверско мерење на протокот на возила на тој потег. Од урбанизам информираат дека проектот бил одобрен и од СВР Струмица и Советот на општината.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Бојковски не призна вина – Обвинителството најави докази со кои ќе докаже дека тој е сторителот и за мотивите за убиствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе