Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се вкупно 13 лица, информираат за Телма од СВР Охрид.
На лице место дошла и Брза помош, а пет лица се однесени во болница со изгореници здобиени од ударот на гром.
Другите имале манифестација на тахикардија, уплав и зуење во ушите. Најголем дел од нив се Битола и Ресен. А како што велат од СВР Охрид за Телма дргите сами се јавиле и со свои возила отишле во болница.
„Денешниот настап на Мирко Попов и Роботек е откажан поради променливото и дождливо време“, објавија на својата Фејсбук страница од плажата „Оревче“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
