Македонија Топ вести

21 нови случаи на КОВИД-19, не се регистрирани починати пациенти

Министерството за здравство информира дека 16 пациенти со ковид се хоспитализирани на територија на цела држава. Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, болниците се празни, а само 4 пациенти се на кислородна поддршка. Иако здравствениот систем е подготвен во случај на влошување на ситуацијата, искрено се надеваме и посакуваме до тоа да не дојде. Единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Досега се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не беше вакциниран.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19:   Скопје – 13, Тетово – 5,  Гостивар,  Струмица и  Дебар – по 1.

Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје –  2.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.358 тестови преку: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-200, Биотек-144, Систина-51, лабораторија Лаор-238, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност–47, Генеа–3, Никоб лаб-707, ВФВ Медикал-14,Ели Медика-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.592.

Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68756, Активни 99

Куманово 8890, Активни 13

Прилеп 8329, Активни 4

Тетово 7335, Активни 83

Битола 6310, Активни 4

Велес 5474, Активни 0

Гостивар 5196, Активни 15

Кавадарци 5155, Активни 2

Охрид 5023, Активни 13

Штип 4962, Активни 2

Струмица 4126, Активни 4

Струга 2985, Активни 4

Кочани 2793, Активни 1

Кичево 2602, Активни 13

Гевгелија 2196, Активни 1

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1525, Активни 1

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1227, Активни 0

Радовиш 1162, Активни 1

Берово 1032, Активни 1

Делчево 973, Активни 0

Дебар 945, Активни 4

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 667, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 269, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе