Свет Топ вести

Како климатските промени ги предизвикуваат поплавите?

Како климатските промени ги предизвикуваат поплавите? Метеоролозите за екстемни временски услови објаснуваат дека глобално загревање доведува до испарување на голема количина вода што доведува до зголемување на количината на дожд и снег. Истовремено, потоплата атмосфера може да задржати повеќе влага – што исто така го зголемува интензитатот на врнежите.. Клер Нулис, портпарол на Светската метеоролошка организација признава дека е многу тешко да се справите со врнежи од дожд од два месеци во рок од два дена. Додека западна Германија е соочена со преобилни дождови делови од Скандинавија се изложени на континуиран топлотен бран.

  • Не се работи само за поплави, во истовреме делови на Скандинавија се изложени на постојан топлотен бран. Да ви кажам еден пример, има место кое се вика Кувола Ањала, мојот изговор не многу добар, тоа е јужна Финска, таму 27 дена со ред температурата е над 25 степени Целзиусови, тоа е Финска знаете, не е Шпанија, не е Северна Африка, тоа е Финска. Финскиот залив во Балтичкото море е рекордно топол според истражувачите на Финскиот метеоролошки институт, до 26,6 степени Целзиусови  на 14 јули. Значи, тоа е најтоплата регистрирана температура на водите од почетокот на евиденцијата. Треба да ја засилиме климатската акција, треба да го засилиме нивото на амбиција. Не правиме ништо доволно за да останеме, знаете, во рамките на целите на Парискиот договор и да ги одржуваме температурите под 2 степени Целзиусови, дури и 1,5 степени Целзиусови, до крајот на овој век, изјави Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран продолжуваат со нападите – се засилуваат и вербалните закани за целосно обновување на конфликтот

Дејан Дејан

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Нови правила за организирање игри на среќа – се воведуваат задолжителни дозволи и плаќање надоместок од 18 проценти од вкупниот награден фонд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе