Македонија Топ вести

Граѓански активисти од Тетово ќе се кандидираат за независни советници

Група граѓани на општина Тетово ќе настапат со заедничка листа на независни кандидати на претстојните локални избори. Во Иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30-ина активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области, кои се одлучиле да го дополнат нивното вонинституционално делување.

-Ние сме денеска тука за да ви ја презентираме нашата иницијатива за кандидирање и листата за Советот на општина Тетово на локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Ние сме луѓе од граѓански сектор, луѓе со различни професии. Знаеме во каква состојба се наоѓа нашето Тетово, колку е деградирано и ние сакаме да ги претставиме сите проблеми внатре во Советот на општина Тетово, рече Хамди Сулејмани, граѓански активист. на денешната прес-конференција.

Иницијативата #Подобро за Тетово е називисна од политичките партии и ќе се залага за заштита на интересите на граѓаните, истакнаа активистите.

-Ние сме отворени за сите граѓани на Тетово кои се истомисленици на нашата иницијатива. Важно е сите тие кои мислат како нас и сакаат промена во општеството и во самата општина да ни се придружат. Многу е важно дека самите граѓани ќе се совпаднат со нашите вредности, кои се пред сè отчет и транспарентност, но и други области, истакна Мерита Максути.

Од Иницијативата #Подобро за Тетово упатија покана до сите граѓани за здружување за општо добро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе