Најважни Свет

Најмалку 160 загинати во поплавите во Европа, спасувачите во трка со времето

Натчовечки напори вложуваат спасувачките екипи во потрагата по преживеани по поплавата која направи пустош ширум западна Европа, во која загинаа најмалку 160 луѓе. Стотина се уште се водат како исчезнати по рекордните врнежи од дожд во западните делови на  Германија и Белгија. Телефонските врски се во прекин, патиштата се целошно уништени, а повеќе од 100.000 домови се без електрична енергија. Војската ги расчистува патиштата и ги отстранува превртените возила со надеж дека можеби во некои од нив ќе најде некој преживеан. Браната на реката Рур во реонот на Хајнсберг, во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, пукнала синоќа, а спасувачите со помош на локалното население евакуираа околу 700 луѓе.

Ситуацијата овде е многу трагична, само што извадивме мноштво луѓе од домот за стари лица кои сега се евакуирани. Од утринава или од вчера ова е поголема катастрофа. Утринава стануваше се полошо и полошо. Не знам ова како ќе заврши – Агнета Асман, жителка на Офовен.

Денеска, нивото на водата се повлекува, но ситуацијата и натаму е напната, се очекува да бидат пронајдени многу тела. Спасувачите поставуваат насипи со песок на крајбрежјата на веќе разурнатите речни корита.

Обилни дождови ги погодија и Швајцарија, Луксембург и Холандија, каде премиерот Марк Руте прогласи национална катастрофа во една јужна провинција. „Луѓето го изгубија она коешто цел живот го градеа“, рече германскиот претседател Штајнмаер. Белгискиот крал Филип со сопругата Матилде како гест на утеха ги посетија најтешко погодените региони.

Не очекувавме негово присуство. Тоа може да ги утеши некои луѓе. Кога кралот ќе дојде во посета, тоа нешто значи. Многу жители се оштетени, како овие сопственици на кафулиња. Филип и Матилде правата гест за утеха – Џери Либин, жител на Пепинстер.

Домови во кал и вода, уништени човечки животи, жителите на германското село Арлоф, се обидуваат да спасат барем дел од покуќнината по разорното невреме.

После денови неповолни временски услови сега сите се загрижени за долгорочните економски послединици за уништените домови и фирми. Низ солзи раскажуваат како се се случило пребрзо.

Не очекувавме дека луѓе ќе загинат во поплави во Германија. Тоа може да се случи во сиромашнмите земји, но тука не очекуваваме. Но се беше така пребрзо, пребрзо – Моника Деклер, жителка на Арлоф.

Овие поплави се едни од најтешките во континентална Европа во последниоте неколку години. Светската метеоролошка служба соопшти дека во овие делови од Европа во рок од два дена паднал дожд во количина од двомесечни врнежи. Метеоролизите за екстремни временски услови сметаат дека причините се во климатските промени. Температурата во светот е за околу 1,2 Целзиуси повисока од почетокот на индустриската ера.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, изврши четири убиства и два обида за убиство

Kristina Kuzmanovski

Нов бран на екстремна топлина во Европа, ќе го зафати и Балканот

Kristina Kuzmanovski

И покрај примирјето, продолжуваат нападите во Газа: Четири жртви во нов израелски воздушен удар

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе