Нема бомба во зградатa на Радио телевизија Србија , потврди командантот на четата за противдиверзантска заштита на полициската бригада на МВР на Србија, по проверките кои ги извршиле припадниците на оваа единица.
Претходно, со анонимен повик од мобилен телефон, денеска во кол центарот на РТС било кажано дека темпирана бомба е поставена во зградата на РТС.
Вработените и полицијата биле информирани за заканата. Дел од вработените ја напуштиле зградата, но дел продолжиле со својата работа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
