Жителите на Железара и вечерва на протест. Бараат да се воведе ред во сообраќајот, а револтот се зголеми по последната несреќа, во која, според полицискиот билтен, прегазена е жена која се движела пеш. Во неа удрило возило „ауди А5“, по што починала на лице место. Жителите се револтирани особено што ова не е прва трагедија, а велат дека нема да биде ниту последна ако надлежните не го решат проблемот.
Понудија и повеќе конкретни решенија кои велат можат едноставно да се применат и апелираа до надлежните да ги применат.
