Неизвесно е донесувањето на законите за материјално обезбедување на стечајците, за финансиска поддршка при откупот на тутунот од ланската реколта, за отпис на камати и репрограмирање долгови, за квалитетот на лековите, за еколошка такса и многу други.
Ќе биде неможно доколку Левица ја реализира заканата и блокира закони поради европското знаменце на законот за државјанство.
Од СДСМ велат дека двајцата пратеници од Левица наместо блокада, треба да ги подобруваат предложените закони во собраниските комисии.
Во ВМРО ДПМНЕ веруваат дека европското знаменце нема да биде злоупотребено.
Алијанса-Алтернатива очекува Законот за државјанство да биде ставен на дневен ред на првата наредна седница, на 22 јули.
Додека во Собранието се одвива расправата за буџетот, би можела да заврши тридневната расправа за овој закон во Комисијата за европски прашања.
Се надеваат дека Државјанството ќе биде завршено пред илинденските празници, кога почнува и годишниот одмор на пратениците.
Алијанса-Алтернатива од лани се бори за олеснување на постапката за добивање државјанство.
Европското знаменце, што Владата го додаде пред неколку дена, оневозможува бесконечна амандманска расправа.
Левица е уверена дека тоа е злоупотреба и најавува блокада на други закони. Кои? – Се уште не прецизира.
Соња Николовска
