Вести Македонија Топ вести

Лончар: Во Србија регистрирани се осум случаи на делта сој

Досега во Србија изолирани се осум случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус, но секако ги има и повеќе, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Тој предупреди дека пандемијата сигурно нема да запре се додека не бидат 70-80 отсто вакцинирани во светот, како и во Србија, и дека здравствените работници не зборуваат без причина да тие кои одбиваат да се вакцинираат и се заразат, да треба да сносат дел од трошоците за лекување.

– Тие кои не сакаат да се вакцинирани знаат дека, доколку се заразат, државата ќе плати за тоа, истакна Лончар.

Инспекцијата, како што нагласи, во моментов работи непопуларна работа, но не со цел да малтретира некој да носи маски и да ги почитува мерките, туку да ги зачува здравјето и животот на луѓето во пандемија.

– И тие би сакале да се занимаваат со активности со кои се занимавале пред ковид, истакна Лончар.
Од почетокот на пандемијата до денеска, наведе Лончар, инспекцијата извршила 400.000 проверки, контролирани се еден милион патници, 120.000 од нив се ставени под здравствен надзор, напишани се повеќе од 5.000 казни и поднесени 1.285 прекршочни налози.

Помошникот министер за здравство за инспекциски работи Горан Стаменковиќ изјави дека во последните неколку дена е засилен надзорот во угостителските објекти, продавниците и јавниот превоз и дека им помагаат и други инспекции, како и комуналната милиција, бидејќи тоа е потребно за да се спречи ширењето на делта сојот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе