Вести Македонија Топ вести

Граѓаните со претставки се борат против градењето висококатници кај Холидеј Ин- на потег се надлежните

Граѓани утрово до Инспекцискиот совет доставија претставки против правосилното одобрение за градење висококатници кај Холидеј Ин.

Очекуваат надлежните да постапат по претставките.

“Не смееме да дозволиме тоа да му се случи на градот. Не смееме да дозволиме вакви решенија, спротивни на законот да бидат спроведени” – вели Игор Рајдан.

“Нашата , најмалку четиригодишна борба во општината беше , ако ништо друго , да се сочува тоа јадро кај „ Холидеј Ин“. Меѓутоа навистина наидовме само на препреки” – рече Светлана Карбевска од иницијативата “Здравјето пред профитот”.

Претставката до Инспекцискиот совет се темели на аргументите во елаборатите за суспензија на ДУП-от кај Холидеј Ин зашто не е усогласен со ГУП-от.

Општина Центар ги испрати елаборатите до Министерството за транспорт и врски, но комисијата , чиј став наиде на револт, рече дека по нив не може да се постапи зашто не се барала суспензија на делови, туку на целиот ДУП.

“Прекршен е членот 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, со тоа што се дозволува да се применува ДУП, кој е спротивен на ГУП-от и самото тоа прекршување на ЗУП претставува прекршување на Законот за градење, односно на неговиот член 3” – тврди Драгана Велковска од иницијативата “Зелен Хуман град”.

Според иницијативата Општина Центар ги излажала граѓаните од Ново Маало дека ќе имаат бенефит од градењето висококатници, зашто дополнително ќе им се загрози движењето и ќе имаат помалку свеж воздух и светлина.

“Понудата од општината , во која се вели дека единственото решение е да се изгигнат овие кули , за да се реши проблемот на тие граѓани, воопшто не го прифаќаме” – вели Горјан Јовановски од “Зелен хуман град”.

Од Инспекцискиот совет рекоа дека во електронска форма и испечатени добиле 70 претставки и дека ќе постапат по нив, во координација со Инспекторатот за градежништво и урбанизам и Инспекторатот за локална самоуправа.

А , потоа ќе ја информираат јавноста. Од „ Зелен хуман град“, најавија иницијатива до Уставниот суд, доколку надлежните инспекторати не го сторат тоа.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Стабилно, суво и студено време – Временска прогноза за 19.2.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе