Свет

Локализиран пожарот во Белград

Локализиран е пожарот кој избувна денеска во главниот град на Србија,  во приватен магацин во пристаништето Белград.

Пожарникарите по повеќе од 2 часа успеале до ја стават под контрола огнената стихија, која испраќала облаци чад над Белград , од правец на населбата Дорчол. Нема повредени во пожарот а се тврди дека не постои и опасност огнот да се прошири и ги зафати соседните објекти.

Магацинот кој горел се протега на повеќе од 700-тини квадратни метри, на 3 ката. Во објектот се чувале царинска роба од сите видови – пластика, текстил, хартија и картон.

Во гаснењето на пожарот учествувал и противпожарен-спасувачки брод од Дунав, кој ги снабдувал против пожарните возила со вода и помагал во гаснењето.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе