Ковид19 Свет

Во Сиднеј продолжен карантинот за уште најмалку 14 дена

Австралиските власти го продолжија карантинот во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули, наведувајќи дека во изминатите 24 часа се потврдени нови 97 случаи на зараза.

Секогаш е болно да се каже, но ние мораме да го продолжиме заклучувањето најмалку уште две недели. Ние сакаме да се извлечеме од оваа ситуација што е можно побрзо и токму затоа мора да ги спроведеме мерките кои ни се на располагање, истакна Береџиклијан.

Карантинот до сега е продолжуван двапати, вкупниот потврден број на заразени од средината на јуни изнесува нешто помалку од 900, а регистрирани се и два смртни случаја меѓу пациентите инфицирани со Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Kristina Kuzmanovski

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе