Ковид19 Македонија Најважни

Здравствените власти размислуваат наесен да забранат журки и собири во затворено и на отворено за невакцинираните

Уште месец и половина релаксирани Ковид-мерки за сите, а потоа можни се рестриктивни мерки, но само за невакцинираните. Здравствените власти велат дека размислуваат за воведување на некакви ограничувања за граѓаните кои немаат документ дека се имунизирани.

Сето ова е по примерот на некои земји од регионот и пошироко од Европа.

Најблиску е Грција и таму е воведена задолжителна вакцинација за сите здравствени работници. Во Франција уште построго – сертификатот за примена вакцина служи за луѓето да можат да ги вршат нормалните активности како посета на ресторани, кина, трговски центри или користење на јавен превоз.

Ние не можеме да воведеме задолжителна вакцинација и таа никаде во светот не е задолжителна. Дозволете да констатирам дека – за жал. Затоа мораме да размислуваме и за некои други алтернативни решенија како на пример – да се присуствува на настани со масовно присуство на затворено или на отворено, во кина, на културни настани само со таков сертификат, рече Филипче.

Во Министерството за здравство сега се прибираат податоци и се прават анализи во однос на бројот на вакцинирани лица од клучните сектори за функционирање на општеството – токму тука се здравствените работници, како и наставниците и вработените во градинките.

Сето ова е во насока на нормално функционирање на општеството од септември, за кога можно е да бидат воведени мерки за невакцинираните.

Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран со прилично висок процент – некаде околу 85% и затоа спомнав дека ги чекаме и анализите од опфатот за вакцинација на вработените во училиштата и градинките. И тоа се трите сегменти коишто нѝ се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци – градинките и училиштата, изјави Филипче.

 На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се нешто повеќе од четиристотини илјади граѓани, а очекувањата на властите се до крајот на месецов да се избројат половина милион имунизирани.

Сè уште мала бројка за да се достигне процентот на посакуван колективен имунитет , од 75 до 80 проценти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Tea Dimkovska

Парите во ѕидот веројатно се на мојот син, судијата Ристов – рекол таткото по претресот и окривањето на созиданиот бункер со 350 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе