Свет

ЕМА ја анализира врската меѓу вакцините на Џонсон и Џонсон и нервните нарушувања

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ги анализира податоците за ретки случаи на нарушувања на нервниот систем пријавени меѓу примателите на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19, откако САД издадоа предупредување за несакани ефекти на оваа вакцина.

– Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализира податоците кои ги достави компанијата Џонсон и Џонсон за случаи на синдромот Гилен-Баре (ГБС) пријавени по вакцинирањето, соопшти ЕМА, додавајќи дека биле побарани дополнителни информации од Ј&Ј.

Претходно, администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат оти постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата.

Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на ГБС по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина на Џонсон и Џонсон треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо и имаат проблеми при движење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе