Штипјани освен што ќе гласаат на претстојните локални избори, најверојатно истиот ден во октомври, годинава и рефрендумски ќе се изјснуваат на гласачките места за пренамена на средствата од самопридонесот за санација и да се заменат старите дотраените главни водоводни линии.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска најави дека оваа негова идеја за да се реши проблемот со водоснабдувањето и големите дефекти, кои се јавуваат на главните водоводни линии ќе ја презентира и ќе побара поддршка од Советот на Општина Штип.
Штип на посебна трезорска сметка има околу еден милион евра, пари собрани во деведесттите години на минатиот век, тогаш за изградба на брана на река Козјак.
Пред два дена поголемиот дел од Штип остана без вода за пиење, токму поради старата водоводона линија.
Викторија Јованова
