Македонија

Штипјани ќе гласаат и за парите од самопридонесот за водовод

Штипјани освен што ќе гласаат на претстојните локални избори, најверојатно истиот ден во октомври, годинава  и рефрендумски ќе се изјснуваат на гласачките места за пренамена на средствата од самопридонесот за санација и да се заменат старите  дотраените главни  водоводни линии.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска најави дека оваа негова идеја за да се реши проблемот со водоснабдувањето и големите дефекти, кои се јавуваат на главните водоводни линии ќе ја презентира и ќе побара поддршка од Советот на Општина Штип.

Штип на посебна трезорска сметка има околу еден милион евра, пари собрани во деведесттите години на минатиот век, тогаш за изградба на брана на река Козјак.

Пред два дена поголемиот дел од Штип остана без вода за пиење, токму поради старата водоводона линија.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Пет лица лишени од слобода, осум насилници ги малтретирале своите жени и деца изминатото деноноќие

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе