Македонија Топ вести

Од селата Водоча и Велјуса започна теренската вакцинација во Струмичко

Од струмичките села Водоча и Велјуса тргна теренската вакцинација во Струмичко.

Медицински тим на здравствен дом Струмица пристигна во селата под Еленица.

Уште првиот ден, граѓаните беа информирани за можноста да се вакцинираат во нивното место.

Во овие населени места каде има останато претежно стари граѓани, теренската вакцинација велат им била големо олеснување.

Лекарите велат дека вакцинацијата тече без проблеми. Се аплицира вакцината на кинескиот производител Синовак.

Теренска вакцинација има и во останатите девет општини во Југоистокот. Тимови на здравствените домови треба да поминат во сите населени места.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Пет лица лишени од слобода, осум насилници ги малтретирале своите жени и деца изминатото деноноќие

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе