Вести Македонија

Љубомир Лапе: И капка по капка на челото е тортура

Кинеската тортура со капка по капка на лицето да се измачува жртвата е признаена тортура. Не е важна техниката на мачење туку ефектот на предизвикување страв, неизвеснот и омаловажување. И овој случај припадниците на алфите го легнале  Љубе Бошковски на земја и вештачењата докажаа дека му е предизвикано душевно страдање. Обвинителот Љубомир Лапе неместо со нови докази испрати порака до судот дека не постои наука која точно ќе утврди кој од алфите колку физичка сила употребил.

Одбраната му врати на Лапе дека наместо нови докази тој држи говор во судницата иако судијката ја запре пресудата ја преотвори доказната постапка и побара од обвинителот да ја разјасни улогата на секој обвинет во тортруата врз осомничениот Љубе Бошковски. Тој се повика и на праксата на Европскиот суд за човекови права за кој и само снимката од тортурата е доказ, како и дека тој суд прави разлика дали има тортура или друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување врз основа на тежината на страдањето на жртвата. Адвокатите на Мијалков и останатите обвинети побараа да добијат записник и на следното рочиште наредната недела да се произнесат за денешното излагање на обвинителот. Доколку и тие немаат некакви докази и предлози, судијката Ристеска најави дека ќе закаже рочиште за нови завршни зборови.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Дејан Дејан

Новинарите со нов Кодекс по повеќе од 25 години

Sasko Dimovski

Завршните зборови во предметот против екс претседателката на ДКСК, се одложија за утре – доставени нови докази до Судот

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе