Вести Македонија Топ вести

Нема пречка да почне изградбата на првата висококатница кај „Холидеј Ин“

Багерите наскоро ќе влезат на паркингот кај „Холидеј ин“. Фирмата „МГ -Фешн“ и Македонската православна црква  можат да почнат со градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“. Барањето за добивање градежна дозвола на кое потпис стави гадоначалникот на Центар Богдановиќ, веќе е правосилно. И сега веќе нема никаква правна пречка на првиот од трите плаца на оваа локиација, да почне да се гради првата 20- катница од вкупно три.

Покрај зградата чиј старт може да почне и за која се уплатени комуналии од 2,4 милиони евра, на истиот плац инвеститорот треба да гради уште една станбена зграда од 22 ката и деловен центар од 16 ката. Но, откако заврши како што обвинија експертите префрлањето на топката министерство за транспорт општина центар во обидот за суспензија на овие дупови, според плановите е кои се во сила,а донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, на останатите два плацатука треба да градат и две 60 катници. Богдановиќ вели за нив за сега не стигнале никакви барања до нив.

Од кумановската епархија која го даде плацот на инвеститорот сега велат дека нивниот интерес бил тука да се изгради црква, но општински власти утврдиле јавен интерес. Тие не се вклучени во никакво планирање, па кога ќе почне градбата ќе одлучи инвеститорот.

Нашето земјиште е опфатено со урбанистички план, а урбанистичките планови имаат законска сила и ние не можеме да постапуваме незаконски. Всушност нашето право на сопственост врз земјиштетото морало да биде пренесено на инвеститоторот кој проценил дека ќе го оствари јавниот интерес дефиниран во урбанистичкиот план.

Од компанијата МГ – Фешн, не добивме одговор за кога е планирано да почнат градежните активности на плацот. Со изградбата на првата зграда всушност започнува бетонизацијата – против која цврсто застанаа невладините и експертите, на последното слободно парче во срцето на градот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе