Вести Македонија Топ вести

100 денари плата за работниците од „Солидарност“

Сто и двајцата работници во виничкото комунално претпријатие „Солидарност“ добија плата од 100 денари за мај.

Синдикатот потврдува, но оттаму  велат дека остатокот ќе им биде исплатен дополнително и тоа нема да биде единствениот износ што ќе им легне на сметките.

Раководството им дало објаснување дека платата од 100 денари е да не останат без здравствено осигурување, бидејќи толку пари имало во касата на јавното препријатие.

„Очекуваме утре да се сретенеме со градоначалникот на Виница и да најдеме решение. Општината ни должи некаде околу 3,5 милиони денари, а имаме побарување и од наплата на нашите услуги. Ако не се одржи таа средба тогаш ќе ги организираме работниците„, вели Павле Стојковски, в.д претседател на синдикалната организација во ЈП „Солидарност“.

Директорот на ЈП „Солидарност“, Александар Трајков не ја крева слушалката, но од она што стои на веб страницата на Општина Виница, каде што ова претпријатие ги објавува завршните сметки, стои дека лани остварило приходи од 61, 2 милиони денари,  платите  носат повеќе од половината, а има и обврски од речиси 28 милиони денари.

Причина за вакви големи обврски се  се тужби од сегашни и поранешни вработени.

Сумата е  од околу  седум милиони денари. Тужбите се за период од последниве десет години за непочитување на колективниот договор-неисплата на К-15 и отпремнини.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Where are you“ za итни ситуации и „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави првиот човек на ЦУК

Sasko Dimovski

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе