ДУИ бара од ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна опозоција и со своите потези да не им наштетат на евроинтегративните процеси. Не се согласуваат со предложениот текст на Резолуцијата со која се исцртуваат црвените линии за идентитетските прашања.
ВМРО ДПМНЕ одржа поединечни средби и со Алијанса на Албанците-Алтернатива и Беса но потврден одговор за поддршка од нив не добиле.Официјалниот став ќе го соопштат органите на партиите.
ВМРО ДПМНЕ е подготено за преговори но сметаат дека предложениот текст е добара основа за национален консензус.
Резолуцијата ја поддржаа СДСМ и помалите парламентарни партии. Во неа се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Јулијана Пешевска
