Батије го заврши второто одделение, со пофалби на наставниците и особен интерес за математиката како што вели и самата. Без личните документи ниту добива свидетелство и прашање е дали ќе може да се запише во трето одделение, бидејќи нејзината мајка Џеврије Хетеми веќе четири години талка низ лавиринтите на институциите во потрага по сопствените лични документи . Џебрије не може да го официјализира и бракот со својот сопруг Ибраим Салихи со кого е веќе 12 години и ги имаат трите деца.
Никаде не се децата запишани, ништо немаат освен картоните од болница децата немаат ништо. Осум година големата ќерка трчаме од врата до врата. А сите велат дека преку татко им можат да се префрлат. Јас не сакам моето дете да биде распуштена банда, сакам да биде како сите пристојни ученици и моето дете да учи, да има здравствено, Вели Џеврије
Џеврије Хетеми е најмногу загрижена кога нејзините деца треба да ги однесе на лекар, а тие се невидливи за здравствениот систем.
Еве сега после годинка треба да прима вакцина, 250 или 350 денари треба прегледот да го платам. 250 крвна слика и ете 500 денари и не дај Боже крвната слика да биде нешто 1000 денари и јас немам за преглед. Само еден доктор ми ги прегледува и фала не ми наплатува, другите сите.
Мобилните тимови на терен детектираа 700 лица без документи.
Според извештаите кои ние ги направивме за сите овие 700 лица излезе дека од 0 до 18 години се 399 лица, деца. Ние не може да кажеме да ги поделиме по етничка припадност дали се Роми, Турци, Албанци, ние само ја имаме вкупната бројка. Имаме дел од нив деца кои се родени во болница, но мајката нема здравствено осигурување и легитимација и потоа тоа дете не може да го запише кај нас во Управа за водење на матични книги, вели Јасна Пецевска, од Управата за водење матични книги.
Со новиот Закон за лица неевидентирани во Матичната книга на родени, кој беше усвоен во февруари 2020 година, лицата кои се идентификувани на терен треба по забрзана постапка да им биде издадена привремена лична карта потребна за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување .
Нина Стефанова
