Свет

Минск се заканува со нов бран мигранти и запирање на протокот на стоки низ Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска се закани дека ќе ослободи голем број мигранти во Европа, особено во Германија, како одговор на европските санкции воведени поради спорните избори, насилното задушување на протестите и затворањето на политичките противници.

Ќе се забрани транзит на стоки преку Белорусија кон Кина и Русија, рече тој на денешниот владин состанок. Лукашенко истакна дека ќе пушти маса бегалци од земји како Авганистан, Сирија и Ирак во Европа.

Никого нема да запреме, нагласи тој и додаде: Луѓето се на пат од воените зони кон „топла и пријатна Европа“, а на Германија и требаат работници.

Во исто време, Лукашенко најави дека повеќе нема да дозволи транзит на стоки преку Белорусија кон Русија и Кина.

– Се сеќавате на Шкода, Нивеа и другите? Им рековме: момци, благодарам и збогум!, рече Лукашенко пред своите министри.

Во првиот чекор затворен е белорускиот пазар, во вториот чекор ќе биде забранет протокот на стоки низ земјата, рече белорускиот претседател.

– Истото мора да се направи и со Германците. Нека ги испорачуваат своите стоки до Русија и Кина преку Финска. Или преку Украина – таму има добри патишта и таму нека ја доставуваат својата стока, рече тој.

Потезите на Лукашенко уследија по низата санкции на Европската унија кон Минск во врска со насилното сузбивање на протестите што избувнаа минатата година поради спорните претседателски избори, за кои многумина сметаат дека се наместени.

Санкциите од ЕУ, но и од САД создаваат притисок врз Белорусија која добива финансиска поддршка од Москва. Белорусија долго време беше финансиски зависна од Русија со долгови кои достигнаа милијарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Апелациониот суд ја потврди пресудата на Ле Пен, но ја намали забраната за извршување јавна функција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе