Не сум виновен и искрено жалам за повредените пратеници кои се мои колеги. Не само што не сум терорист туку не сум бил дел од никаква организација, ниту план за упад во Собранието. Вака ќе ги почне завршните зборови во предметот за организаторите на 27- ми во судницата поранешениот спикер на Собранието Трајко Вељановски, обвинет дека терористички го загрозил уставниот поредок и безбедноста од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Чист сум пред себе но и пред судот, порача Вељановски од обвинителната клупа.
Освен со сведоците на одбраната, обвинетите и адвокатите одново се навратија во завршните зборови на сведочењето на премирот Зоран Заев кој тврдеше во судницата дека постоела организација за негово ликвидирање но Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не се главни организатори.
Теорориситчкото загрозување на уставниот поредок и безбедноста од страна на 4-цата обвинети Русковска во своите завршни избовори го докажуваше и со текстуалните пораки меѓу партиските функционери. Вељановски реферирал кај Груевски, а Јанакиевски и Ристовски давале насоки на пратеници, а екс директорот на УБК Владимир Атансовски бил задолжен за органзиација на патриотските здруженија.
Павле Беловски
