Вести Македонија

Меркел : Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија

Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлиснкиот процес, а на кој учествуваа и земјите членки на ЕУ – Франција, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и претставници на Унијата, а на кој домаќин беше Германија. Темата Македонија – Бугарија, како и релациите Србија – Косово биле само едни од темите за кои се разговарало на осмиот состанок на Берлинскиот, кој генерално е посветен на регионалната соработка во делот на економијата и инфраструктурата. Притоа генералната оцена на Меркел денеска беше дека во последните 7 години Берлински процес ги забрзал промените во регионот, но и дека има уште да работи во делот на реформите, пред се во борбата против корупцијата.

Меркел на прес конференцијата по состанокот ги спомена и придобивките од Процесот како што е проектот на заедничкиот регионален пазар на кој во моментов се работи, но и регионот без роаминг, како и формирањето на младинскиот форум. Канцеларката најави и три милиони дози вакцини за земјите од Западниот Балкан.

Меѓу тешкотиите со кои во моментов се соочува регионот Меркел наведе три работи: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во Босна и Херцеговина, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Иднината на регионот е во ЕУ и тоа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ, истакна Меркел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Дејан Дејан

Новинарите со нов Кодекс по повеќе од 25 години

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе