Децата кои немаат никакви лични документи не можат да добијат свидетелства и да го продолжат своето средно и високо образование. Иако ги има во дневниците кај наставниците и редовно се оценувани тие на крајот до годината не добиваат документ за постигнатиот успех.
Тие можат да го продолжат година за година, меѓутоа на крајот на учебната година не можат да добијат свидетелство тоа е проблемот. Имавме случаи и во основното стигнуваат до завршување на основно образование меѓутоа завршното свидетелство, завршната диплома не може да ја добијат, бидејќи податок нема за нив за висттинско име и презиме немаат матичен и регистарски број, вели Мабера Камбери, раководител на сектор за координација и техничка помош
Државата ги бараше и пронајде 700. Колку од нив се деца, надлежното минситерство нема одговор. Иако ќе влезат во матичната книга на родени за нив државјанстовто е сеуште недостижна категорија. За сега мораат да функционираат со лична карта.
Според првичното мапирање околу 700 граѓани беа пронајдени без документи, до овој миг според сознанија околу 200 граѓани се пријавиле кога тие ќе бидат внесени во таа втора книга за матична евиденција ќе добијат можност за да добијат идетификациони документи од страна на МВР и на тој начин да ги користат сите права кои им следуваат, изјави Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика
Најголемиот предизвик е како да се верифицира успехот кој учениците го постигнале. Надлежните институции треба да го забрзаат процесот за овие млади луѓе да добијат диплома и да можат да бидат активни на пазарот на труд.
Сите меѓународни документи и конвенции го гарантираат правото на образование како неприкосновено, морам да кажам дека има големо разбирање од училиштата и директорите во насока на вклучување на овие деца во образование но предизвиците се во издавањето лични документи за завршен одреден степен или година на образование посебно кај оние кои преминуваат од основно во средно и од средно во високо образование, смета Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд во Белград
Таков беше случајот и со 19-годишниот Тони Сали момче кое редеше петки во образованието, но почина без да добие државјанство иако со години ги водеше правните битки низ институциите, дури и по смртта неговото семејство се уште води правна битка тој да биде впишан во матичната книга на родени. Дури и еден месец по смртта на Сали адвокатите се обидуваат да докажат дека нему му следи матичен број.
Нина Стефанова
